Работилница за достапноста на европските фондови во Куманово

Од:

Работилница за достапноста на ЕУ фондовите во организација на Делегацијата на ЕУ Скопје, се одржа денеска во Куманово, а присуствуваа претставници од општината, училиштата, институциите, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата.

Раководителот на секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини вели дека Куманово и североисточниот регион е опфатен со многу програми кои се нудат од ЕУ, со цел да се оствари подобра комуникација во повеќе сфери, земјоделство, едукација, вработување, подобрување на конкурентноста, што се дел од новите програми кои допрва се очекуваат да се реализираат.

– Уште една работилница која што ја остваривме, со цел да им се приближиме на граѓаните и со цел да обезбедиме повеќе информации за достапните ЕУ фондови, но исто така многу е значајно што тука успеваме да добиеме повратни информации од самите граѓани за да знаеме како ние да ги подобриме работите во однос на добивањето на ЕУ фондовите, изјави Бертолини.

Тој изрази задоволство од работилницата, поради посветеноста на присутните кои сакаат да учествуваат во овие проекти и да го подобрат животот воопшто.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе