Шекеринска од Свети Николе: Нема да им дозволиме на тие што сакаат амнестија да ја уценуваат Македонија

Од:

Владата ќе го почитува ставот и гласот на тие што ќе бидат мнозинство на референдумот „за“ или „против“. Нема да дозволиме на тие што сакаат да седнат на маса и да зборуваат за амнестија да ја уценуваат Македонија. Одлуката нема да ја донесат тие, туку Македонија, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на трибина во Свети Николе.

– Со овој Договор имаме шанса да влеземе во ЕУ и НАТО како Македонци, како луѓе што го сочувале идентитетот, а македонскиот јазик во ЕУ ќе стане официјален јазик во заедница од 500 милиони луѓе. Договорот ги заштитува работите кои ни се најважни, рече министерката.

Таа пред граѓаните на Свети Николе зборуваше за бенефитите од членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

– НАТО значи дека во случај на опасност за земја-членка се активираат сите сили и капацитети на Алијансата. Рече дека во секоја земја откако станала членка на НАТО, следел раст на економијата, инвестициите и работните места и повеќекратно намалување на невработеноста. Членството во ЕУ значи пристап до многу поголем износ на европски пари и можност за фирмите да поделат повисоки плати, единствен начин да ги задржиме младите дома. Ако во Македонија имаме 260.000 евра европска помош дневно во Хрватска дневната сума европски пари на располагање е 3,5 милиони евра, рече министерката.

Додаде дека оваа генерација нема да ги остави проблемите на младите, туку ќе ги реши. – Ова го правиме за вас, но нема да успее без вас, порача Шекеринска и повика на масовно гласање на 30 септември за европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Ексградоначалник на Свети Николе е осомничен за злоупотреба на службената положба

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Со тупаници ја претепа бремената девојка, за коса ја одвлечка во спалната и ја држеше заклучена 15 часа

А1он