Ѕвездата на Франција и ПСЖ, Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот 2018 во рангирањето „The Best“ на ФИФА
Напаѓачот победи во конкуренција на Родриго Бентанкур (Уругвај), Александар Головин (Русија), Хуан Кинтеро (Колумбија), Џордан Пикфорд (Англија), Бенжамен Павар (Франција), Муса Ваг (Сенегал) и корејскиот голман Чо Хен-у.
– За мене ова е неверојатна чест и ќе ми помогне да работам напорно и да постигнувам повеќе голови. Благодарам на сите, изјави победникот Мбапе.