Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше прогласен за најдобар на својата позиција за 2018 година на настанот „The Best“ на ФИФА.
Белгискиот репрезентативец ги претекна Иго Лорис и Каспер Шмајхел, благодарение на одлично претставување на Мундијалот 2018. Таму „црвените ѓаволи“ стигнаа до бронзениот медал.
– Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. Немаше да ја добијам оваа награда без поддршката на моите соиграчи во Челзи, Реал и националниот тим, изјави Куртоа.