А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Набљудувач бил спречен да присуствува на рочиште во основниот суд Битола

by А1он24/09/2018 - 20:11203
Share0

Набљудувач од Коалицијата „Сите за правично судење“ бил спречен да присуствува како јавност на рочиште за граѓанска клевета и навреда во основниот суд во Битола. Од Коалицијата реагираа дека спроведувајќи мониторинг на примената на домашните процесни закони и меѓународните стандарди за фер судење постапки во рамки на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р.Македонија“ , набљудувач бил спречен да присуствува во својство на јавност. Судијата кој го спречил набљудувачот да го следи судењето е Александар Илиевски.

Добивај вести на вибер

„На ден 18.09.2018 година во предметот П5-5/18 основ – граѓанска одговорност за клевета и навреда, судијата кој го води предметот на набљудувачот му оневозможил да присуствува на главната расправа иако не донел решение за исклучување на јавноста, ниту пак ги образложил причините и основот за ислучувањето на јавноста“, пишува во реакцијата на Коалицијата.

Од Коалицијата потсетуваат дека во согласност со начелото на јавност на судските постапки, членот 102 од Уставот на Република Македонија и член 292 став 1 од Законот за парнична постапка, расправите пред судовите се јавни и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани полнолетни лица.

Законот за парнична постапка предвидува и исклучување на јавноста во одредени ситуации пропишани точно со законот, но исто така членот 295 вели дека за исклучувањето на јавноста одлучува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено. Исклучувањето на јавноста од главната расправа спротивно на законот е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка.

Од Коалицијата aпелираaт до судот дека присуството на набљудувачите на јавните расправи е со цел да се постигне целта на проектот давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во четирите апелациски региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип, која би укажала на почитувањето на основните начела на судската постапка и пристапот до правда на граѓаните на Р. Македонија.

Васко Маглешов

bitolasud

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Горан Наумовски19/01/2026 - 08:45

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Горан Наумовски21/11/2025 - 21:38

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен