Собранието нема да номинира свои луѓе да ја следат работата на изборните органи на референдумот

Од:

Собранието на Република Македонија, како овластен предлагач на референдумот, нема да определи свои претставници да ја следат работата на изборните органи на референдумот.

За оваа своја одлука, како што било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, со допис ќе биде известен претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

По референдумот на 30 септември, првата пленарна седница Собранието би можело да се очекува да ја има во средината на октомври, додека комисиски седници ќе има во деновите пред одржувањето на седницата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on