„Кризен штаб против референдумот“: Се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации

Од:

Караванот на „Кризниот штаб против референдумот“ во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира“ одржа средби со граѓаните во општините Брвеница, Тетово и Јегуновце. На средбите говореа координаторот на Кризниот штаб против референдумот Драган Угриновски, претседателот на Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, Бора Ристиќ, лидерот на Христијанско Братство Жарко Гроздановски и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Општ впечаток кај говорниците беше дека референдумот на 30 септември нема да успее, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември и одлучно кажуваат НЕ на Договорот со Грција за, како што велат од „Кризниот штаб“ промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Беше упатен повик до граѓаните да не се плашат од заканите на власта оти после неуспешниот референдум ќе паднела „марионетската влада“ во Скопје и тие ќе немале време да ги остварат заканите што ги упатуваат.

Говорниците повикаа на 30 септември сите заедно на нозе да се кренат, да спречат да се избрише се што е македонско оти борбата била исправна.

„Ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“ – беше истакнато меѓудругото на собирите во Брвеница, Тетово и Јегуновце.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски

Референдум во Република Српска на 25 октомври