Субвенции за комунални давачки за 78 самохрани родители во Куманово

Од:

Седумдесет и осум лица од Куманово, самохрани родители, семејства во кои едниот родител е починат, каде татковството не е признаено, а кои имаат деца, вклучително и ученици и студенти ќе добиваат по 1.200 денари субвенции за комунални давачки.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска им врачи решенија на овие лица за користење на субвенцијата која изнесува 900 денари за вода и 300 денари за ѓубрарина на месечно ниво. Од општинскиот буџет до крајот на годината за оваа намена ќе бидат одвоени 374.000 денари.

– Средствата и претходно беа доделувани на социјално ранливи категории граѓани, односно на стечајците кои сега добиваат месечен надоместок од државата. Како ќе се намалува нивната бројка, така ќе расте и бројката на корисници на оваа категорија граѓани кои ќе добиваат ваква субвенција, изјави Димитриевски.

Претходно општината објави повик на кој се пријавиле 126 кумановци. Согласно, финансиските средства на општината не се опфатени родителите кои се разведени кои добиваат алиментација. Во рамки на можностите, општината, вели Димитриевски ќе продолжи да се грижи за социјално ранливите категории граѓани и на овој начин да ги помага оние лица кои се во социјален ризик.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он