Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ беше многу лут по синоќешното реми (1:1) со градскиот ривал Црвена ѕвезда, бидејќи смета дека топката не ја поминала гол-линијата при ударот на Ричмонд Боачи.
– Срам ми е што сум Србин. Ќе се откажам од српскиот пасош. Ќе видете. Ви се колнам дека не беше гол. Не можеш така да судиш ако не си сигурен. Прво тој не можеше да види од мене, бидејќи јас му го покривав аголот. Повторувам, срам ми е што сум државјанин на оваа земја, изјави Стојковиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=nU7dPcSpTNY
35-годишниот чувар на мрежата има богата интернационална кариера, а за репрезентацијата на Србија настапува од 2006 година. Има 84 натпревари во дресот со националниот грб.