(ВИДЕО) Заев од Радовиш: Никогаш повеќе ФИРОМ

Од:

Конечно никој повеќе во светот нема да не спори, нема да не навредува и нема да не понижува. Никогаш повеќе ФИРОМ. Веќе сме Македонци со македонски народ, македонски јазик, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина на Коалицијата „Излези за европска Македонија“ што се одржа на Плоштадот во Радовиш.

Додаде дека се уште постои дебата дали идентитетот ни е загрозен. Рече дека лагите одат до крај.

– Не знаат што да измислат. Некои зборуваат Северномакедонци. Лаги. Членот 7, точка 2 вели македонски идентитет потврден со јазикот, културата, нашите граници, нашата територија, нашата национална посебност и сите атрибути-Македонци стои во членот каде е државјанството. Стои македонски јазик-истиот тој македонски јазик на кој што Ацо Караманов пишуваше поезија и живот даде за оваа Македонија, потенцираше Заев.

Според него, голема лага е дека Заев ги криел уставните промени. Тој рече дека никој нема право да предлага уставни промени, освен Парламентот по завршениот референдум.

– А што ќе бидат уставните промени-пишува јасно како бел ден во Договорот со Грција. Уставните промени ќе бидат направени со еден амандман со додавање на географската одредница. Истовремено ќе биде зајакнат државотворниот карактер на одлуките на АСНОМ, каде што вика дека е борба за самостојна суверена Македонија, за слобода и демократија. Истовремено ќе потенцира на европски начин водење грижа за нашата дијаспора, како што тоа е напишано во уставот на сите земји-членки на ЕУ. И ќе го зајакне она што значи заштита на територијалниот интегритет на Македонија, но и немање на аспирации кон други земји, односно заштита на границите и нивното почитување. Тоа ќе се смени во Уставот, објасни премиерот Заев.

Објаснувајќи го Договорот со Грција, додаде дека е јасен дека направивме компромис, „а тие што не знаат што значи овој збор нека погледнат на пребарувачот Гугл“.

– Компромис правиме сите секој ден. Компромисот го движи светот напред. И после војна се остава оружјето на страна, седнуваат на зелена маса и прават компомис. Овој компромис ја движи нашата Македонија. Ја катапултира после 27 години напред, а Македонија и Грција само добија, ништо не изгубија, додаде Заев.

Продолжи со порака до присутните на трибината да се зборува отворено. Заев рече дека Договорот со Грција е факт и е правичен.

– Светот оди напред. Наше е да одиме напред. Да ги отвориме границите. Да ги нема овие граници, да градиме пријателства. Ако сум Македонец во Солун или Кавала-супер или Грк овде во Радовиш, Струмица, Скопје-супер. Дај да соработуваме, рече премиерот Заев.

Во своето обраќање претседателот на Владата потенцираше дека за повеќе од една година од пет соседи непријатели-сите ни се пријатели. Заев додаде дека целиот свет ни стана пријател, бидејќи само пријателството води кон добра иднина, носи прогрес и економски стандард, среќа, насмевка на лицата на граѓаните…

Ги повика граѓаните на 30 септември да не го чекаат ручекот, па потоа да гласаат туку уште рано наутро на 30 септември да се гласа.

– 30 септември е ден за акција, ден за одлука. Историјата секогаш ги испишува тие што влегле во акција, што носеле одлука. Тие што се криеле дома никогаш историјата не ги испишувала. Затоа е важно сите да илезат, истакна премиерот Заев во Радовиш.

На трибната пред присутните се обратија пратеничката од Радовиш, Милева Георгиева и заменик директорот на Рудникот „Бучим“ од Радовиш, Николајчо Николов.

Премиерот Заев потоа одоговараше на прашања од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш веќе ставен под контрола, активни 15 пожари

Нов пожар на местото на досегашниот кај Радовиш

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ