Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, изјави дека клубот во Торино не зависи од никого, па ниту од напаѓачот Кристијано Роналдо.
33-годишниот Португалец се приклучи на „Старата дама“ на 10 јули 2018 година, потпишувајќи четиригодишен договор.
– Роналдо му даде многу на Јувентус, ова е очигледно од неговите настапи за клубот. Но, тимот не зависи од никого, па ниту од него. Кристијано има големи очекувања од себе, тој е многу баран, но нема што да се докажува и не треба да чувствува психолошки притисок. Тој едноставно само треба да игра, да постигнува голови и да се забавува, изјави Алегри.
Роналдо досега одигра пет натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигна два гола и една асистенција.