Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека се уште не се обединети условите за договорот за буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година, за кој треба да се расправа на самитот на ЕУ на 7 и 8 февруари во Бирсел, јави дописникот на МИА од Париз.
– Преговорите се многу тешки… Ние правиме се за да на идниот самит пронјдеме договор, но условите не се се уште, во овие часови обединети, изјави францускиот претседател по средбата во Елисесјката палата со шефот на италијанската Влада Марио Монти.