Сведочење на собраниски обебзбедувач: Ги видов Мукоски и Василевски како ги вадат заштитните огради од главниот собраниски влез

Од:

На продолжението од судењето за настаните од 27 април, сведочеше собранискиот обезбедувач, Владимир Стојков.

Тој потврди дека откако чул врева се симнал од пред кабинетот на Трајко Вељаноски и ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат заштитните огради од главниот собраниски влез.

„Се стрчав по скалите и ги забележав Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата”, сведочеше Стојков.

Сведокот се присети дека кога ги видел Мукоски и Василевски им рекол: „Што правите?! Знаете ли што ќе се случи ако влезе толпата?“

На тоа, Крсто Мукоски му рекол: „Тоа не е твоја работа“.

Стојков рече дека успеал да ја врати едната греда, а другата не успеал, зашто Мукоски не дозволил да ја врати.

„Сашо Василевски се упати кон следната врата гледано од Собранието кон паркот Жена-борец од десната страна и ја извади гредата…”, рече сведокот пред судот.

Потоа тој, заедно со обвинетиот Абдулфета Алими се повлекле нагоре кон Собранието. Добиле наредба од началникот Александар Јанковиќ да го пренесат формациското оружје во кабинетот на Вељаноски зашто долу не било безбедно.

Судењето со паузи трае приближно 12 часа. По сведочењето на Стојков, на ред е Сашо Тасевски, директорот на Бирото за јавна безбедност.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески