Последниот натпревар од 25.коло од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул заврши без победник 2:2. И двете екипи освоија по еден бод, иако и двете по еднаш водеа на натпреварот.
Стрелци на головите за Манчестер Сити беа: Един Џеко во 23.минута и Кун Агуеро во 78.минута, додека за Ливерпул головите ги постигнаа Даниел Стариџ во 29.минута и Стивен Џерард во 73.минута.
На првиот натпревар одигран денеска Тотенхем победи со 1:0 со голот на Герет Бејл на гостувањето кај ВБА. Поради неспортски однос (плукање) Горан Попов (ВБА) беше исклучен во 48.минута.
На вчера одиграните натпревари беа постигнати резултатите: Фулам – Манчестер Јунајтед 0:1, Арсенал – Стоук 1:0, Рединг – Стоук 2:1, Вест Хем – Свонси 1:0, Виган – Саутемптон 2:2, Њукасл – Челзи 3:2, Евертон – Астон Вила 3:3 и Квинс Парк Ренџерс – Норвич 0:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 62 бода, Манчестер Сити 53, Челзи 46, Тотенхем 45, Евертон 42, Арсенал 41, Ливерпул 36,…