Легендарата Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Од:

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.

Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето.

По краток одмор во Скопје, таа продолжува кон Битола каде утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе и’ биде врачена наградата. Веднаш по пристигнувањето таа рече дека и’ се допаѓа што е кај нас топло и сончево, и дека првите впечатоци и’ се позитивни.

Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија, заедно со својата сопруга Изабела.

Тој веќе пристигна во Битола, каде го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Дикинс со сопругата се исто така добро расположени и се согласија да се сликаат со младите волонтери на фестивалот.

Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а во понеделник (24 септември) тој ќе одржи мастер класа во рамки на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.

Клаудија Кардинале лауреат на специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност

Италијанската и светска актерка, филмска дива, легендарната КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕ е лауреат на Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за 2018 година.

Клаудија Кардинале е Италијанка родена во местото La Goulette, во Тунис (1938), студирала во „Paul Cambon School“ со намера да стане наставничка.

Но, на 19-годишна возраст победила на натпреварот „Најубава Италијанка во Тунис“, освоила наградно патување на филмскиот фестивал во Венеција и го го добила првиот филмски ангажман. Нејзиното деби била една помала улога во GOHA (1958) заедно со Омар Шариф.

Таа станува особено позната во Италија по славниот филм на Лукино Висконти ROCCО AND HIS BROTHERS (1960).

Во годините што следат, Клаудија Кардинале ги снимила некои од најважните филмски остварувања во историјата на светската кинематографија.

На 25 годишна возраст, во 1963 година, таа ги снима филмовите LEOPARD на Лукино Висконти и „8 1/2“ на Фелини, два ислучително значајни филмски класици. Но тука е и познатиот CARTOUCHE со Жан Пол Белмондо.

Нејзината импозантна филмографија бележи повеќе од 175 улоги во филмови, телевизиски серии и краткометражни филмови, но Кардинале е неуморна и вљубена во филмската уметност, па нејзиот најнов филм PICCOLINA BELLA (2017) е во постпродукција.

Во 1963 година нејзината уникатна актерска игра и маракантна појава ги преминува границите на Италија и Кардинале станува светска ѕвезда по улогата во PINK PANTHER. Следните неколку години таа се сели во Холивуд каде ги снима BLINDFOLD (1965), LOST COMMAND (1966), THE PROFESSIONALS (1966), THE HELL WITH HEROES (1968) и култниот епски вестерн на Серџо Леоне ONCE UPON A TIME IN THE WEST (1968), американско – италијанска копродукција со Џејсон Робардс, Чарлс Бронсон и Хенри Фонда.

Во нејзината долга и богата кариера, Кардинале глумела покрај филмските партнери како Марчело Мастројани, Франко Неро, Берт Ланкастер, Шон Конери, Рок Хадсон, Ален Делон, Енони Квин, Џон Вејн и Дејвид Нивен, да спомнеме само некои од нив.

Несакајќи да стане холивудско клише, Клаудија повторно се враќа во Европа каде ги снима IL GIORNO DELLA CIVETTA (1968), за кој ја добива наградата „David di Donatello“ за најдобра женска улога и A GIRL IN AUSTRALIA (1971). Во 1974 година го среќава режисерот Паскал Сквитијери се мажи за него и често игра во неговите филмови.

За филмот CLARETTA (1984) ја освои наградата „Pasinetti“ за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција, а во 1994 година го добива Златниот лав за животно дело. Ја славеле и фестивалите во Кан и Берлин.

Во 2011 година беше прогласена за една од 50- те најубави жени во филмската историја.
Клаудија Кардинале во својата исклучително богата кариера има освоено над 35 награди и призанија на значјани светски филмски фестивали.

Во 2016 година, официјалниот постер на филмскиот фестивал во Кан беше со ликот на Калудија Кардинале.

Таа е позната како борец и активист за женските права и од 2000 година е Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска