Обвинет за настаните од 27 април бара куќен притвор, лут дека првообвинетите се дома или со мерки за претпазливост

Од:

Обвинетиот за настаните 27 април, Вилијам Михајловски побара домашен притвор, лут дека првообвинетите се во домашен или имаат мерки на претпазливост, а тој со уште десетмина други обвинети повеќе од една година се во притвор.

– Поради нив сме на обвинителна клупа. Протестирав 60 дена мирно, без инциденти. Верувам дека така ќе беше и тогаш ако не не пречекаа со отворени врати од Собранието. Нема да се дадам во бегство, имам намера да докажам дека не сум виновен, планирам да си се оженам и немам намера да бегам, рече Михајловски.

По паузата од судот беше отстранета Јагода Трајковска, мајка на еден од обвинетите бидејќи ја навредувала и со погрдни зборови вербално ја нападнала новинарката која сведочеше за настаните во Собранието.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски