Мицкоски се сретна со Кукан и Флекенштајн: Поддршката на европратениците клучна за напредокот на Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Соговорниците се согласија дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја посочи посветеноста на партијата на евроатлантските интеграции на државата кои се од стратешки интерес.

„Мицкоски го истакна фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот која актуелната власт го потпиша со Грција, поради фактот што тој е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста тој да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции. На средбата со претставниците од Европскиот Парламент се говореше и за актуелната политичка ситуација во државата, а им беше укажано дека актуелната влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

Мицкоски: Ќе се преиспита случајот со увозот на мазут