СДСМ: Дали „Алфа“ со лажни вести и конструкции одработува за да се прикрие поделеноста во ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

СДСМ реагира на објавени информации на „Алфа телевизија“.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги демантира лажните вести објавени на Алфа телевизија.

Стара лага е дека во Македонија ќе се градат кампови за мигранти. Тоа не е точно. Токму министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во неколку наврати ја има демантирано оваа лажна вест.

Лагите, конструкциите и измислиците дека постои раскол во раководството на СДСМ се само неостварена желба на сите оние на коишто им пречи напредокот на земјава и доближувањето на Македонија до ЕУ и НАТО.

Членство на СДСМ, раководството, како и останатите субјекти што се дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, граѓаните, здруженијата, се силно обединети околу процесот на обезбедување на иднината во ЕУ и НАТО.

Дали преку ваквите лажни вести и конструкции телевизија Алфа отворено одработува да се прикрие поделеноста и разногласието во ВМРО-ДПМНЕ?

Граѓаните не заслужуваат ваков однос. Потсетуваме дека обврска на секој медиум е да известува објективно во насока на навремено и вистинито информирање на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски