Црвенковска вклучена во стручниот штаб на Вардар

Од:

Поранешната македонска репрезентативка Билјана Црвенковска е нов член на стручниот штаб на РК вардар.

Таа ќе работи со тимот покрај главниот тренер Роберто Гарсија Парондо и тренерот на голманите Дејан Периќ.

Црвенковска досега беше на местото заменик директор во клубот каде работеше по завршувањето на професионалната кариера во 2014 година.

– Среќна сум за шансата што ја добивам и навистина се чувствувам почестена што ќе бидам дел од стручниот штаб на Вардар, односно помошник на тренерот Роберто Парондо. Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам се од себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим. Знам како функционира тимот, се познаваме добро и очекувам соработка каква што и досега имав, изјави Црвенковска за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар е првиот и единствен машки клуб во Македонија што ќе има женски тренер во стручниот штаб.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски