Референдумот да се одржи оти нема да успее, порачаа од „Македонија бојкотира“.
„Уставниот суд одлучи според логиката на политиката, а не логиката на правото, но ова на марионетската власт ќе ѝ се врати како бумеранг оти по неуспешниот референдум почнува процесот на паѓање на оваа ненародна власт“, велат од кризниот штаб против референдумот.
Вчера Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот.
Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.
Галена Николовска-Ризвановиќ