МТСП: Жената од станот во „Скопјанка“ не е социјален случај

Од:

По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија. Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

– До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

– Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска