Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот „Шпион“ кажа дека постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување се укинува поради застарување на случајот.
Божиновски се товари за дела кои ги сторил од 2009 до 2011 година.
На денешното рочиште повикан е бизнисменот Минчо Јорданов кој ќе сведочи пред Судечкиот совет.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и октуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
Виктор Јованов