Туск очекува договор за Брегзит во ноември

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска најави дека во ноември ќе се одржи вонреден Самит на ЕУ, на кој ќе се дискутира за британското напуштање на Европската унија.

Се очекува на овој Самит да биде финализиран договорот меѓу Брисел и Лондон, со кој ќе се регулираат идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

– Преговорите за Брегзит влегуваат во решавачка фаза. Се уште се можни разни сценарија, но потенцирам дека некои од предлозите на премиерката Тереза Меј навестуваат позитивни промени во британскиот пристап, изјави Туск.

Велика Британија и ЕУ спореа за идните трговски односи и за нивото на европски регулативи кои Лондон ќе мора да ги почитува по Брегзитот, како и за статусот на границата со Република Ирска и правата на државјаните на земјите членки на ЕУ кои живеат на британска територија.

Таканаречениот „план од Чекерс“ кој го предложи Меј предвидува високо ниво на регулаторна усогласеност меѓу Велика Британија и ЕУ и по Брегзитот, што предизвика оставки на некои од најсилните поддржувачи на британското истапување од Унијата во Владата, но се очекува да биде прифатлив за ЕУ.

– Секој ден имам се повеќе надеж, но јасно е дека ни преостанува многу малку време. Би сакал да го финализираме договорот уште есенва, изјави Туск.

Велика Британија формално треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија