Македонскиот гитарист, Влатко Стефановски го доби престижното признание за најдобра филмска музика, на доделувањето на Fipresci наградите, кое се одржа деновиве во белградскиот Музеј на Кинотека.
Познатиот гитарист наградата ја доби за музиката во филмот „Кога ќе се раздени“ во категорија филм од неанглиско говорно подрачје, на режисерот Горан Паскаљевиќ.
Стефановски не присуствуваше на свеченоста по повод доделувањето на наградата, бидејќи заедно со Мирослав Тадиќ и Теодоси Спасов одржа концер во Лондон.
Наградата Fipresci се доделува уште од 1993 година и единствена за вреднување на најдобрите филмски остварувања во Србија. Филмот „Клип“ на младата режисерка Маја Милош е апсолутен победник.