Пакистанскиот висок суд денеска нареди ослободување од затвор на поранешниот премиер Наваз Шариф и неговата ќерка, со што е суспендирана пресудата изречена во јули.
Пакистанските медиуми јавуваат дека судот ја суспендираше пресудата од 10 години затвор за Шариф и седум години за неговата ќерка Марјам Навиз поради корупција.
Случајот се однесува на сопственост над четири апартмани во квартот Парк Лејн во Лондон.