Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на Обиколница-Скопје, кај клучка Стајковци.
За реконструкцијата на Скопската обиколница се одвоени 580 илјади евра. Активностите на терен почнаа на 10 минатиот месец.