Трамп: Кина ја користи трговијата за да влијае врз изборите во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување дополнителни царини за увоз на кинески производи, обвинувајќи ја при тоа Кина дека ја користи трговијата за да влијае врз изборите во САД.

Трамп нагласи дека новите царини ќе се однесуваат на стоки, чиј увоз „ги загрозува американските земјоделски и индустриски работници и им штети на интерсите на фармерите во САД“.

Претседателот на САД синоќа донесе одлука за воведување дополнителни царини за увоз на кинески стоки од 24 септември. Царините прво ќе изнесуваат 10 отсто, но потоа до крајот на годината ќе бидат зголемеми до 25 проценти, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока од други земји.

На листата за нови царинења се над 6.000 кинески стоки, меѓу кои и широк спектар на електронски производи, мебел, чанти, правосмукалки и градежни материјали.

Како одговор на новите американски мерки, Кина денеска воведе царини за увоз на повеќе стоки произведени во САД.

Покрај за „загрозување на американските рабоници“, Трамп ја обвини Кина и дека ја користи трговијата за да влијае врз изборите за Конгерсот на САД закажани за 6 ноември.

– Кина отворено изјави дека активно се обидува да влијање на нашите избори, со тоа што им наштетува на нашите земјоделци, сточари и индустриски работници. Ќе следуваат големи и итни соодветни економски мерки, ако бидат погодени нашите земјоделци, сточари и индустриски работници, објави Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ