Македонскиот ракометен вицепрвак Металург од денеска има нов претседател. Станува збор за досегашниот Генерален секретар Зорица Молкоска Блажевска, која на функцијата доаѓа на местото на Зоран Цветановски.
– Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите, соопштено е на клупскиот сајт на тимот од Автокоманда.
Блажевска во моментот е в.д. претседател, чие официјално назначување ќе се случи на следното собрание на Металург.