Режисерот на Оскарите, Глен Вајс (57) беше главна ѕвезда на синоќешното доделување на Еми наградите, откако на сцената ја прими Наградата за режисер на специјална емисија, па ја запроси својата девојка Џен Сандерс.
– Ти си моето сонце, Џен, и мама беше права кога велеше да не те пуштам. Чудно е што не сакам да те нарекувам „моја девојка“… Сакам да те нарекувам сопруга, рече Вајс во говорот по примањето на наградата. Потоа следеше громогласен аплауз од публиката и секако, покажување на прстенот.
Откако се качи на сцената, Џен кажа „да“.