Ирена Ристиќ приведена и однесена во „Бардовци“ оти чистела пред Влада

Од:

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“, бидејќи како што вели, чистела пикавци пред Влада. Ристиќ вели дека односот на полицајците бил арогантен, а три саати од приведувањето, не и дозволиле ниту да повика адвокат.

„Македонија во гола кожа. Полициска станица „Беко“. Психијатриска болница Бардовци. И јас. Се налутија што собирам пикавци пред Влада. Да не бевте емотивно врзани, па ве изреметив? Едвај ги убедив дека имам право на адвокат“, напиша актерката Ристиќ на социјалните мрежи која ова го смета за притисок врз неа.

Таа сведочи дека од полициската станица, се обиделе да ја стават во психијатриската болница Бардовци, но, откако ја однеле дотаму, ја вратиле повторно во полициската станица.

Од МВР велат дека го проверуваат случајот со Ристиќ, по што ќе дадат информации за тоа што се случувало.

Ирена Ристиќ пред два месеци отпочна со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во која членуваат повеќе јавни личности, но и волонтери. Тие организираат акции за чистење на различни локации на кои има смет. Последната акција се одвиваше на Марков Манастир, каде активистите собрале 98 вреќи со ѓубре.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он