„Единствена Македонија е силно изненадена од непознавањето на состојбите во Македонија во врска со референдумот на 30 септември од страна на државниот секретар на САД, Џејмс Матис.
За кое руско влијание и за кои руски пари зборува Џејмс Матис кога 27 години Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО земјите и силните пари во стотици милиони евра на ЦИА, Сорос со кои во изминатите 27 години се купуваат и контролираат властите во Македонија за да служат верно.
Единствена Македонија сочустувува со непријатната ситуација во која е Матис, бидејќи, во скоро време ќе треба да се прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации.
Џејмс, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека македонскиот народ оовојпат ќе победи, што подразбира дека македонскиот народ сака да остане свој на своето и затоа референдумот нема да успее, народот масовно ќе бојкотира и нема да излезе да гласа.
Џејмс, без оглед на фактот што претставувате силен противник кој досега фрли многу пари за обезличување на македонскиот народ, овојпат сплотени сме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме поради нескршливиот аргумент: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.