Заврши Балканската школа за педијатри која за прв пат беше организирана во Скопје

Од:

Преку седумдесет еминентни професор и лекари од Македонија, но и од Австрија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора и Турција, беа дел од тридневната Балканска школа за педијатри која беше во организација на Здружението на педијатрите во Македонија.

Балканската школа се одржа во Скопје, во хотелот Александар Палас, а траеше од 12ти до 15ти Септември. Покрај стручните предавања имаше и саем на кој излагачи беа фармацевтски компании. Покрај лекарите – педијатри, стручни предавања имаа и медицинските сестри, како и професионалните физиотерапевти.

На свеченото отворање, кое се одржа на 12ти Септември, свое обраќање имаа: министерот за здравство, Венко Филипче, Проф. Др. Валтер Клепетко, директорот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, претседателот на Здружението на лекари Албанци, Невзат Елези, претседателката на Лекарската комора на Македонија, Др. Калина Старделова Гривчева, претседателот на Македонското лекарско друштво, Доц. Др. Горан Димитров, координаторката на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари, Гордана Бешлиовска, како и претседателката на Здружението на педијатрите во Македонија, Доц. Др. Аспазија Софијанова. На свеченото отворање поддршка на првата Балканска школа за педијатри дадоа и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев заедно со неговата сопруга, Зорица Заева, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Школата имаше за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Учеството на Балканската школа даде единствена можност лекарите и помошниот медицински персонал одблиску да се запознаат со меѓусебните практики, пречки, но и стимули во секојдневната работа што ќе овозможи надминување на проблемите и создавање на синхронизиран процес на работа.

Свои стручни излагања на оваа школа имаа македонски и странски предавачи кои презентираа новини во превенцијата, дијагностиката, третирањето и заздравувањето, односно целосниот процес на лечење и закрепнување на пациентите опфаќајќи превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација.

На огромна чест на сите учесници свое предавање имаше и познатиот универзитетски професор од Виена, Проф. Др. Валтер Клепетко кој во Светот е познат како хирургот кој му даде втор живот на легендата на Формула 1, Ники Лауда, а пак во Македонија е познат како човекот кој пред две години направи успешна трансплантација на бели дробови кај пациентка заболена од цистична фиброза.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада