(ВИДЕО) Стоилковски: Заев е непријател на Република Македонија, а не народот

Од:

„Македонскиот народ не е непријател на државата Република Македонија, без разлика на одлуката КАКО ќе постапи. Непријател е оној што се колне во дедовината, во децата, во воздухот што го дише, во „жицата“ а на крај се откажува од се’ што претставува македонско и Македонија и се поклонува пред грчките антимакедонски црвени линии!

Непријател е оној кој што го менува вековното име, името кое било изговарано со последниот крик на секој Македонец во борбата за ова парче земја, тој што го менува Уставот заради промена на тоа име и бришење на таа борба!“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Зоране Заев, непријатели ви беа медиумите кои предупредуваа дека ќе го смените името и дека ќе ги прифатите се што значи грчки антимакедонски и антидржавни позиции.

На народот му ги одзедовте медиумите, потоа му ги одзедовте правдата и правниот систем, му го грабате лебот на народот делејќи си тендери само на себе и вам блиските. Сега сакате да им го одземете и парчето македонска земја, достоинството, идентитетот. Им ја одредувате цената на гласот мислејќи дека за пари тие ќе си го продадат достоинството.

Зоране Заев за непријатели ги прогласувате граѓаните кои не се сложуваат со твоите погубни, повторувам ПОГУБНИ, политики за претворање на Република Македонија и Македонците во вештачка творба без корен и со туѓа историја, култура и наследство.

Зоране Заев, не се поистоветувај со државата. Доста го потценуваш и омаловажуваш македонскиот народ. Ти не си државата, ти не си Република Македонија. Македонскиот народ е суверенот на Република Македонија.

Зоране Заев, им должиш извинување на сите граѓани на Република Македонија, им должиш извинување на Македонците, ги прогласуваш за непријатели на државата затоа што не се согласуваат со тебе и твоите политики за македонско саморазнебитување. И да се извиниш, на 30-ти септември нема да ти биде простено.

Зоране Заев – само вие сте непријател и незапаметен срам за македонскиот народ и за Република Македонија!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање