ОН: Бројот на илегални имигранти во Европа зголемен за седум пати во однос на минатата година

Од:

Околу 18.000 илегални имигранти пристигнале во Европа по копно од почетокот на јануари 2018 година. Тоа е седум пати повеќе отколку истиот период минатата година, соопшти денеска ОН, прецизирајќи дека најчесто користена маршрута е таа од Турција кон Грција.

Според статистиката на Меѓународната организација за имиграција (ИОМ), повеќе од една петина од илегалните имигранти, кои доаѓаат во Европа, пристигнуваат по копно.

Зголемениот број на пристигнати по копно се совпаѓа со намалениот бројот на оние кои доаѓаат во Европа преку море, а маршрутата од Либија станува се потешка за минување поради зголемениот број патроли на либиската крајбрежна стража.

ИОМ соопшти дека од почетокот на годината околу 74.500 имигранти пристигнале во Европа преку Средоземното Mоре, а во 2017 година, нивниот број изнесувал 129.000.

Агенцијата на ОН прецизира дека најчесто ја користат маршрутата Турција-Грција, а според властите, вкупно 12.166 пристигнати по копно од почетокот на 2018 година. За споредба, Грција лани регистрирала околу 5.550 имигранти, пристигнати по копно.

Што се однесува до 6.000 други илегални имигранти, пристигнати во Европа по копно од почетокот на годината, „најголем дел” дошле од Сеута и Мелиља, две шпански енклави во северниот дел на Мароко, соопшти портпаролот на ИОМ Џоел Милман.

Двете енклави, кои се единствената копнена граница на ЕУ со Африка, се опкружени со високи огради. Тие редовно се напаѓани од имигранти, кои се обидуваат да влезат во Шпанија.

Според ИОМ, над 50 отсто од пристигнатите во Грција се Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ