Шапуриќ: Горд сум што Македонија ја доби најсовремената лабораторија

Од:

Во Куманово беше отворена и пуштена во употреба најсовремена акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија по најнови светски стандарди со вкупно 19 методи за испитувањена на храна и вода, на кој настан присуствуваше министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, државниот секретар на Министерство за економија Зоран Павловски и директорот на Агенција за поддршка на претприемништво во Република Македонија Иле Миткоски.

Во оваа лабораторија се испитуваат сите видови на млеко и млечни производи, месо и месни производи, јајца, вода, сокови, пиво, зачини, сточна храна и др. производи.

„Оваа е пред сè голем напредок во контрола на процесот на производство на храна, најголем дел од нашата опрема е од Израел и Италија”, истакна сопственикот Најден Бајдевски.

Министерот Шапуриќ посочи дека домашните инвестиции се основата на македонската економија и токму заради тоа сите домашни инвеститори имаат поддршка од Владата. Министерот го посочи Законот за финансиска подршка на инвестициите како значаен инструмент преку кој домашните компании можат да добијат поврат на инвестираните средства. Една од основните цели на Законот за финансиска поддршка на инвестициите е воведување високи технологии, истражни центри и лаборатории кои не самошто придонесуваат за подобар квалитет на производство туку водат и кон технолошки развој.

Потсети дека во јули беа потпишни договори со над 100 домашни компании на кои државата им додели финансиска подршка за нивните инвестиции. Истакна дека растот од 3.1% на БДП во вториот квартал воопшто не е случаен и дека со влезот во НАТО и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, домашната економијата ќе продолжи континуирано да расте со забрзано темпо.

„Посебно радува фактот што оваа инвестиција е во Куманово затоа што на тој начин значително се придонесува за развој на локалната економија и пред сè вработување на локалното население” изјави министерот Зоран Шапуриќ.

Упати честитки на сопственикот на оваа инвестиција која значи отворање на нови работни места како и со методологијата на работа на самата лабораторија.

Сопственикот на компанијата г-дин Најден Бајдевски го запозна министерот со плановите на компанијата за усовршување на стручниот кадар како и со планот за наредниот циклус на инвестиции на компанијата.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони