Волонтери од здружението „Кумановски акцијаши“ ја чистеа населбата „Гоце Делчев“

Од:

Во пресрет на утрешниот светски ден на глобална чистота, ЈП „Чистота и Зеленило“ и волонтерите од здружението „Кумановски акцијаши“, под покровителство на општина Куманово денеска организираа акција за чистење во населбата „Гоце Делчев“ кај локалитетот „Трговски центар“. Екипите ја исчистија површината од смет и отпад и го уредија зеленилото.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски уште еднаш повика граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина, а правните субјекти, станбените домари и надежни на објекти во стечај каде што вели постојано се создаваат депонии, да се вклучат во зачувувањето на животната средина.

– На тој начин даваме придонес за правилен развој на нашите деца, а воедно ја јакнеме и свеста кај најмладите генерации. Доколку сакаме да живееме во средина која што е убаво, урбано уредена и чиста првенствено треба да ја негуваме истата и само за пример ќе посочам дека овој локалитет претходно беше исчистен пред еден и пол месец, потсети Димитриевски

Директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски, потсети дека оваа локација и уште неколку во Куманово се чистат речиси секој месец, но несовесни граѓани постојано фрлаат смет и шут.

– Наредната недела започнуваме со интензивна работа за уредување на зелените површини во централното градско подрачје, изјави Стојчевски.

Претседателот на здружението, „Кумановски акцијаши“, Јусуф Љатифи повика и граѓаните да се вклучат во акциите.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе