Осум милиони евра на располагање на општините за инфраструктурни проекти

Од:

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.

Со овие осум милиони евра, соопшти денеска Министерството за финансии, општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се подвлекува, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.

– Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните, истакнал министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договори за капитални инвестиции со шест општини во рамки на овој проект, стои во соопштението.

Само преку овој проект, на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.

Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски