Џафери-Мичел: САД ќе продолжи недвосмислено да ја поддржува Македонија

Од:

Денеска, во Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со помошник-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Вес Мичел, кој е во официјална посета на нашата држава.

Според Џафери, ова е уште една во низата посети на официјални лица од САД како потврда на јасната, силната и недвосмислена поддршка за Република Македонија. Со ова се докажува посветеноста на нашиот стратешки партнер за унапредување на интеграцискиот процес на нашата земја во НАТО и ЕУ.

Во продолжение,Џафери рече дека приоритет на новото мнозинство е реализацијата на стратешката цел на Република Македонија, а тоа е полноправното членство во НАТО и затоа претходно фокусот беше насочен кон подобрување на односите со соседите. Првин се потпиша Договорот за пријателство со Република Бугарија, а потоа и Договорот со Република Грција, за да се надмине и последната пречка во реализацијата на целта.

Мичел, од своја страна, рече дека јавноста во Република Македонија е веќе свесна за тоа колку силно САД го поддржуваат Договорот од Преспа и ја подвлече важноста на позитивниот исход на претстојниот референдум, имајќи предвид дека тоа е во полза на државата. Тој истакна дека САД и понатаму ќе пружи недвосмислена поддршка за напредокот на Република Македонија, уверувајќи дека фокусот на неговата земја за Регионот е константен и непроменет.

Би можело да ве интересира

Трамп: Во последен момент го запрев нападот врз Иран

САД: Иран мора да преговара или ќе се соочи со нови напади

Исламабад му достави на Вашингтон ревидиран ирански предлог

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Генерал Резаи: Сериозни сме во преговорите, уште посериозни во војната и одбраната на Иран

Горан Наумовски