„Коха“: Србија се плаши дека Косово во Интерпол ќе бара апсење на нејзините воени злосторници

Од:

Причина за категоричното противење на Белград на приемот на Косово во светската полициска организација е стравот дека доколку Приштина успее во нејзината намера ќе уследат обвиненија против голем број српски полицајци и војници кои извршиле воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува коха.нет.

Според овој косовски медиум властите во Белград во тој случај ќе бидат соочени со потерници, односно со барања од Интерпол за апсење на голем број нејзини граѓани, сторители на воени злосторства врз Албанците во војната во Косово.

Поради таа причина, меѓу другото, Србија покрена интензивна кампања против приемот на Косово во Интерпол, што може да се случи на годишното Генерално собрание на организацијата, во ноември годинава во Дубаи.

Белградските медиуми информираат дека во наредните денови Србија ќе испрати писмо до сите земји-членки на Интерпол, во кое ќе ги образложи причините зошто косовското барање треба да се отфрли. Исто така, за истата цел, претставници на српската Влада ќе остварат средби со нивните хомолози од влијателни земји членки на Интерпол.

Блокирањето на Косово во неговата намера беше тема и на средбата во понеделникот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на Интерпол, Кинезот Менг Хонгвеи, пишува коха.нет, дел од медиумската групацијата која ја сочинуваат уште весникот „Коха Диторе“ и телевизиите Коха и Арта.

Косовското МВР вчера соопшти дека ја добило поддршката за зачленување во Интерпол од Обединетите Арапски Емирати, кои се домаќини на годишното собрание што ќе се одржи од 18-21 ноември.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски