Заменик-министерот за надворешни работи, Жерновски во посета на Австрија

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски денеска престојуваше во еднодневна посета на Република Австрија, каде што се сретна со генералниот секретар на Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи во Виена, Јоханес Петерлик.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, за време на средбата била поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји како интензивираниот политички дијалог и соработката во повеќе сектори, со заложби за нивно натамошно унапредување.

Се разговарало и за тековниот реформски процес, внатрешно-политичката состојби во Република Македонија и одржувањето на претстојниот референдум.

– Иднината не може да ја промениме, но таа е во наши раце и убеден сум дека на 30 септември граѓаните ќе го препознаат историскиот момент за одлука, истакна заменик-министерот Жерновски.

Австрија како актуелен претседавач со Европската Унија, ја реафирмирала силната и континуирана поддршка во правец на реализација на нашите стратешки определби, кои се од исклучително значење за Република Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

– По успешниот референдум, на кој сите се надеваме, Австрија би била подготвена значително и конкретно да ја зајакне поддршката во реформските процеси, особено во сегментот на безбедност и организираниот криминал, истакнал генералниот секретар Петерлик.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник