Германскиот министер за европски прашања Рот утре во Македонија

Од:

Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, утре ќе престојува во работна посета на Македонија.

Рот во Охрид ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, по што двајцата ќе учествуваат на интерактивната дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“. Фокусот на дебатата ќе биде на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам, соопшти Министерството за надворешни работи.

Дебатата е организирана од Министерството за надворешни работи, и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. На настанот се планирани обраќања и на градоначалникот Јован Стојановски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.

За време на престојот во Охрид, министерот Рот ќе ги разгледа поважните знаменитости на градот, а ќе го посети и Националниот парк Галичица.

Би можело да ве интересира

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија