Кикл: ЕУ и Западен Балкан продолжуваат со разговори за центри за прием на бегалци во регионот

Од:

Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, рече дека и понатаму се разговара со земји од Западен Балкан за основање центри за прифаќање азил во тие држави.

Во изјава за новинарите по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан во Виена, Кикл, сепак, не сакаше да каже за кои земји станува збор.

-Ние не сакаме јавна дебата пред да „снесеме јајце”, рече Кикел.

Идејата за формирање „центри за враќање” иницирана од Австрија и Данска предизвика противење во земјите од Западен Балкан.

Кикл, по состанокот со албанскиот колега Фатмир Џафаj, истакна дека разговорите за тоа прашање се водат „дискретно”.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа