Судот во Пула го затвори привремено случајот „Раштански лозја“

Од:

Судскиот во Пула се откажа од процесот против Љубе Бошкоски за „Раштански лозја“, на неодредено време и повеќе нема да одредува датуми и да испраќа покани до екс министерот.

Судот предметот ќе го држи замрзнат се додека Бошкоски е во затворот Идризово каде што му остануваат уште три години за предметот „Кампања“. Освен овој предмет за кој е осуден, има и обвинение за преметот со убиството на Марјан Тушевски, иако според досегашниот тек, нема докази за инволвираност на Бошкоски. Адвокатот Рајко Бранковиќ кој го брани Бошкоски во Пула за ТВ Алфа потврди дека:

„Судот во Пула по неуспешниот обид да го започне судењето во октомври, не закажува нов датум. Сметам дека така и ќе остане затоа што Бошкоски е во затвор и на судот му е јасно дека нема услови за старт на процесот“.

Претходно судот во Пула испушти два обида да почне со судењето затоа што Бошкоски не можеше да се појави во судница. За второто, пред неколку месеци имаше испратено и покани до сведоците кои подоцна беа писмено известени дека судењето се одложува на неодредено со назнака дека нема датуми за нов обид за старт на процесот.

Овој предмет остана активен во Пула иако сите останатите обвинети овде одамна добија ослободителни пресуди. Властите во Хрватска велеа дека се немоќни доколку Македонија не го побара предметот назад, каде би важела истата ослободителна одлука и за Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ