ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува ЕУ, го погани нејзиното име за да ја оправда срамната капитулација која ја потпиша

Од:

„СДСМ предреферендумски ги манипулира граѓаните исто како што ги излажа пред изборите. Билбордите низ државата кои ветуваат бесплатно здравство кога ќе влеземе во ЕУ се лага. Во ЕУ здравството не е бесплатно, ЕУ не е комунистичка творевина, туку економски сојуз на држави каде се си има своја цена.

СДСМ лаже и ја злоупотребува ЕУ, го погани нејзиното име за да ја оправда срамната капитулација која ја потпиша.

Владата на Заев ја понижи Република Македонија и ги урна преговарачките позиции кои беа градени со години од сите влади од независноста до денес. Погазено е и меѓународното право и Хашката пресуда во корист на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ и НАТО, но не и за овој договор, кој не можеме да го прифатиме.

Овој договор предизвикува само обврски и прави штета на Република Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ неможе да го прифати.

Прашањето за промена на името не е прашање кое може да го реши било кој политичар, тоа е прашање за кое може да одлучи единствено народот, токму затоа на слободната волја на народот е како тој ќе се постави во однос на ова прашање.

СДСМ треба да престане да манипулира и да ги злоупотребува евроатлантските институции за да го турка нејзиното срамно капитулантско дело.

За целиот овој хаос што и го приреди СДСМ мора да сносат и одговорност. Одговорност ќе има“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ