Скопје: Градската администрација напролет во нови простории

Од:

Вработените во Град Скопје во март или април следната година ќе се преселат во новата зграда под Кале. До 29 октомври годинава треба да завршат градежните работи на објектот по што ќе следат јавни набавки за мебел и за селење.

Според информациите од Градот, земјиштето на кое што се наоѓаат градските бараки е на Република Македонија. Оттаму велат дека Александра Маројевиќ е избрана за директор на „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС), кое ќе биде сместено во ГТЦ во поранешните простории на УЈП.

Градските власти посочуваат дека воочиле сериозни разлики во цените за изградба на инфраструктурни проекти во Скопје што ги реализирала поранешната граадска управа со актуелните. Како пример ја посочуваат изградбата на првата фаза од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во должина од 1.000 метри во 2016 година за која била добиена цена од 136.051.344 милиони денари. За втората фаза од овој булевар на тендерот објавен годинава за должина од околу 1.000 метри постигнатата цена била 106.322.103 милиони денари или 21,85 отсто поевтино по километар со што се заштедиле 30 милиони денари.

Во компарацијата што ја направиле во Град Скопје, просечната цена за еден километар велосипедска патека во 2017 била околу 10,1 милиони денари, а во 2018 еден километар велосипедска патека просечно чини околу 2,8 милиони денари. Разликата во цената е 7,3 милиони денари за еден километар.

За обезбедување на скопските средни училишта, пак, во 2017 година биле потрошени 11,8 милиони денари, а годинава само 6,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски