„Зидојче цајтунг“: Вучиќ внесува раздор во ЕУ

Од:

Запаливи говори и запалени барикади се доволен доказ дека Косово сe уште не е решено, но српскиот претседател Александар Вучиќ со својата вешта дипломатска акробатика, успеа да го премести раздорот во ЕУ и, барем за извесно време, да го отстрани притисокот од себе, оцени германски дневен весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот наведува дека на Вучиќ му била дадена „контроверзна заслуга” минатиот викенд на светот да му ја предочи „тажната вистина дека косовскиот конфликт се уште е далеку од решение”.

– Како искален стратег, Вучиќ ги разгоруваше високите очекувања во текот на изминатата недела, јавно разговараше за плановите за размена на територија меѓу Србите и Албанците, а потоа самиот Вучиќ го исфрли воздухот од балон за тестирање кој го пушти да одлета над Косово”.

Во коментарот на „Зидојче цајтунг“, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува дека Вучиќ со својата дипломатска акробатика, изведе презентацијата за актерите во ЕУ, поделени околу прашањето на промената на границите, бидејќи Германија ја отфрли идејата како опасен преседан, додека некои во Европската комисија покажаа дека не би се спротиставиле на такво нешто.

„Кога двета табора се расправаат, Вучиќ, како трет, засега не мора да се плаши од притисокот. Тоа е успех за него, но е тежок удар за напорите на ЕУ за медијација, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи