Средба меѓу градоначалникот Бочварски и министерот Димитров

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со министерот за надворешни работи во Влада на Република Македонија, Никола Димитров. На средбата, Бочварски и Димитров разговараа за тековните активности кои се дел од инфраструктурната офанзива во Општина Штип, како и за капиталните проекти кои се во фаза на реализација.

„Поради активностите на Влада на РМ и на министерот за надворешни работи во изминатиов период, Македонија успеа да се придвижи напред во дел на решавање на повеќедеценискиот спор и конечно придвижување на државава во правец на евроатлантските интеграции и затоа мораме да оддадеме целосна почит за тоа што е направено досега, во изминатите година дена. За Општина Штип, но и за другите Општини, приближувањето кон Европската Унија е многу важно. Со тоа ќе влезе свеж капитал во Општините, ќе се отворат нови работни места, ќе настане конкуренција кај работодавачите со што и природно ќе растат платите.

– Еден од крупните капитални проекти којшто е планиран за Штип за наредниот период е пречистителната станица заедно со санација на колекторскиот систем. Тоа е инвестиција во висина од околу 22 милиони евра, инвестиција којашто Општина Штип ќе може да ја реализира со помош од ЕУ. Токму затоа Општина Штип е подготвена и во моментов кога ќе добиеме ваков грант ќе влеземе во реализација на овој важен проект за градот,“ изјави градоначалникот Бочварски.

„Благодарност до градоначалникот и градот Штип за убавото добредојде. Мене работата ми е во областа на надворешните работи и немам често прилика да одам низ Македонија, низ градови и села. Меѓутоа надворешната политика во септември ни е дома, и во смисла на чести посети на високи гости, и во смисла на тема и фокус на домашната јавност. За мене ова е многу корисно, да се запознаам со локалните проблеми, коишто не се неповрзани и со надворешната политика. Ако имаме еден консензус од 1991 година наваму во Република Македонија, тоа е дека нашата иднина се НАТО Алијансата и ЕУ. Многу години доцниме со прогрес кон ова. Пред два дена прославивме 27-ми роденден на 8 Септември, 27 години од Референдумот од ’91 година. Ако тој референдум значи нешто – значи завет Македонија да биде независна, суверена, самостојна и успешна држава. Имаме шанса на 30 септември да ја ставиме последната цигла од нашата државност. Борбата не е помеѓу политички партии, борбата е за иднината на државата, за иднината на сите граѓани, за иднината на децата, на следната генерација,“ посочи министерот Димитров.

По одржаната средба, градоначалникот Бочварски и министерот Димитров заминаа во посета на повеќе здруженија, а во текот на денот ќе остваруваат средби со граѓани на повеќе локации во Штип. Во 19 часот градоначалникот Бочварски и министерот Димитров ќе бидат панелисти на граѓанска трибина во населбата Автокоманда, кај спортското игралиште.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски