Белгиските медиуми повикувајќи се на синдикални извори најавуваат дека стјуардите и стјуардесите во „Рајанер“ одново ќе штрајкуваат во повеќе европски земји на 28 септември.
Информацијата ќе биде потврдена на 13 септември на прес-конференција на синдикатите, тврдат медиумите.
Се очекува ова да биде најголемиот европски штрајк во компанијата, бидејќи во него ќе учествува персоналот од Белгија, Португалија, Италија, Шпанија и Холандија.
Барањата се истите како и досега – „Рајанер“ да ги применува националните законодавства за работните договори. Сега, вработените во „Рајанер“ добиваат ирски договори за работи, кои носат понизок степен на социјална заштита од повеќето други европски земји.
За сега само кабинскиот екипаж најавува штрајк, но не е исклучено да им се придружат пилотите.