Илјадници жители на Никарагва протестираа во главниот град Манагва со барање претседател Даниел Ортега да поднесе оставка и да бидат ослободени политичките затвореници.
Протестите беа организирани од семејствата на политичките противници, кои беа уапсени по протестите против Ортега во април.
Ортега ги испрати армијата и полицијата да ги стават под контрола деловите на земјата каде протестите беа најмасовни и се проценува дека од април до сега биле убиени најмалку 320 лица, а стотици се уапсени.
Демонстрантите во Манагва вчера извикуваа „слобода“ и „никој не може да го победи обединетиот народ“. Тие го обвинуваат левичарскиот претседател дека вовел целосна диктатура во Никарагва.