(ВИДЕО) Спасовски: ЕУ и НАТО се наши врвни национални и државни интереси

Од:

Пред 27 години граѓните на референдум се изборија за независност, сувереност и државност. Денес ние како генерација имаме историска можност исто така на референдум да се избориме за европска иднина, за нас и за следните генерации, рече Оливер Спасовски во Кичево.

– Пред нас е историска можност храбро и одлучно да гласаме ЗА обезбедување на нашата иднина како рамноправен дел од најсилните светски сојузи – ЕУ и НАТО. Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси, тоа е шанса што не смееме да ја пропуштиме. Светот е на наша страна и тоа се виде по посетите на светските лидери што се случуваат деновиве и по пораките што ги испраќаат – сите се обединети да и помогнат на Македонија во интеграцијата во ЕУ и НАТО, рече Спасовски.

Според него, како општество и како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса.

– И затоа, одовде од европско Кичево, од градот што ги живее и развива европските вредности повикувам на одлучност и одважност. Време е сите граѓани, заедно повторно да направат историја и да ја поведат државата во посветла иднина. Време е за нова историска одлука. На 30 септември одлучно храбро и достоинствено да излеземе на референдумот ЗА влез во ЕУ и НАТО, да излеземе ЗА европска Македонија, вели Спасовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Референдум во Република Српска на 25 октомври